Дома Македонски спорт Динамо прослави титула – Адеми и Ристовски едни од најзаслужните!

Динамо прослави титула – Адеми и Ристовски едни од најзаслужните!

Динамо Загреб вчера ја прослави 23-титула во Хрватска. Тимот каде што настапуваат македонските репрезентативец Аријан Адеми и Стефан Ристовски ја продолжи доминацијата во својата земја и покажа дека е далеку пред конкуренцијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватските новинари во статистиките по завршената сезона истакнаа истакнаа и податоци за македонските репрезентативци. Имено, капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски со шест асистенции е втор најдобар во овој сегмент во Динамо, три повеќе од него има Бочкај.

Исто така Ристовски е еден од играчите со најмногу одиграни минути, односно четврти со 2312 минути поминати на терен.

Адеми пак е означен како најдобар поиединец во составот и оваа сезона, тој заедно со Мислав Оршиќ е моторот на „модрите“. Големо достигнување за Адеми е што стана и вториот најтрофеен играч во историјата на хрватскиот гигант со 11 шампионски, титули, шест Купа и три Суперкупа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Покажа почит: Oва е единствениот Аргентинец кој ги испочитува Шпанците на прославата!

Додека аргентинските фудбалери разочараа голем дел од фудбалскиот свет со своето однесувањ…