Tренерот на Манчестер Пеп Гвардиол ја коментираше ситуацијата со трансферите во редовите на Манчестер Сити.
Имено, често пати во јавноста се пронаоѓа коментар дека фудбалерите Манчестер Сити го избираат поради Пеп Гвардиола и желбата да соработуваат со него. Сепак, Гвардиола смета дека не е така.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Фудбалерите кои доаѓаат во Сити не доаѓаат тука поради мене, доаѓаат за да играат во Премиер лигата за овој клуб. Тие тука не доаѓаат да бидат еден месец или една година, никој не може да знае колку јас ќе останам да го водам Сити. Сити е голем клуб со прекрасен град, играчите доаѓаат за да бидат дел од ова семејство“, смета Гвардиола.
Ќе потсетиме, последниот потврден трансфер на Манчестер Сити е пристигнувањето на Ерлинг Халанд кој ќе се придружи на „граѓаните“ по завршувањето на актуелната сезона.