Дома Фудбал Останато Еден голем фаворит успеа, останатите два потфрлија

Еден голем фаворит успеа, останатите два потфрлија

Епилогот од стартот на грчката Суперлига е успех на еден голем фаворит и потфрлање на другите два. Во рамки на премиерното коло од грчката Суперлига АЕК успеа да го фрли на колена Панетоликос, во мечот кој беше одигран без присуство на навивачи, додека ПАОК и Панатинајкос новата фудбалска сезона ја започнаа со реми.

Искусниот Португалец во дресот на АЕК, Уго Алмеида го помина патот од херој до потенцијален трагичар, но имаше и помош од спротивната страна. Некогашниот напаѓач на Порто, Вердер и Бешикташ реализираше удар од белата точка во 14-та минута, а веќе во 21-та мораше да го напушти теренот поради исклучување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атињаните издржаа до паузата, а потоа играчот за врска на гостите, Маркос Пауло, заработи втора јавна опомена, па до крајот на натпреварот се играше со изедначени сили. Јохансон на 17 минути пред крајот ги реши сите дилеми за победник на натпреварот.

ПАОК, од друга страна, не ја искористи големата теренска иницијатива и надмоќ, особено во првото полувреме кога Левадијакос практично не ја ни премина средината од теренот. На крајот, сепак, натпреварот резултираше со најнепопуларниот резултат.

Панатинајкос, пак, може да биде задоволен со еден бод, бидејќи Платанајас имаше зрели и поконкретни шанси. Зелените поведоа во 73-та минута со голот на Чавез, а домаќините изедначија седум минути подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…