Дома Македонски спорт Чедомир Јаневски пред враќање во Кипар?

Чедомир Јаневски пред враќање во Кипар?

Како што пренесуваат медиумите во Кипар, поранешниот македонскиот селектор е блиску до враќање во оваа земја.

Според последните информации Јаневски е во најтесниот избор за нов стратег на АЕЛ Лимасол. Лимасол неодамна се раздели со досегашниот стратег Пантелидис и Македонецот е опција за нов шеф на стручниот стаб.

Покрај Јаневски се споменува и името на Португалецот Силас кој во кариерата го водеше и Спортинг Лисабон. Во овој момент ќе потсетиме Јаневски е асистент во фудбалската репрезентација на Јужна Африка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шест јунски меча за одбојкарите во битката за ЕвроВолеј 2028

Македонија ќе одигра три турнири во Европската лига 2027, а последниот ќе биде на домашен …