Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ: Вардар се надева на чесноста на Силекс за место во баражот!

ВМФЛ: Вардар се надева на чесноста на Силекс за место во баражот!

Денес ќе ја добиеме конечната разврска во Втората македонска фудбалска лига.

Екипите на Победа и Силекс враќањето во најсилната конкуренција го потврдија уште претходно, а денес ќе се решава кој ќе оди во баражот. На Западот кандидати се Воска Спорт и Вардар, додека на Истокот во игра се Беласица и Слога Виница.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Воска не треба да изгуби на гости кај Силекс и ќе обезбеди место во баражот, од друга страна Вардар мора да се надева дека Силекс чесно ќе си ја одработи задачата и дека тие ќе слават против Кораби.,

Слога на Истокот ќе ја пречека Победа, додека Беласица ќе игра против Гевгелија. На дното на табелата во ранг подоле испаднаа Велешта, Кадино, Братство и Локомотива. Последната надеж за спас ја има Осогово кој заостанува два бода зад безбедниот тим на Пехчево и Кораби кој го „брка“ Охрид.

Натпреварите во Втората македонска фудбалска лига се играат со почеток во 17:00 часот.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…