Дома Останати Димитров во Синсинати до првиот Мастерс во неговата кариера

Димитров во Синсинати до првиот Мастерс во неговата кариера

Бугарскиот тенисер Григор Димитров го освои турнирот во Синсинати, во рамки на Мастерс серијата, победувајќи го во финалето Австралиецот Ник Кирјос во два сета, со 6:3 и 7:5.

Воедно, тоа е прв освоен Мастерс во тенисерската кариера на Димитров, а вкупно шести освоен турнир за бугарскиот тенисер. Пред Синсинати, Бугаринот оваа година веќе триумфираше во Софија и Минхен

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Финалниот дуел во Синсинати траеше час и половина, а Димитров беше доста сигурен при сервисот, па не дозволи Киројс да направи „брејк“.

Ова беше втор нивни меѓусебен дуел, а Димитров славеше и во нивното прво соочување. Благодарение на триумфот во Синсинати, Димитров се враќа меѓу првите десет тенисери на АТP листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…