Дома Фудбал Англија Агентот на Лукаку призна: Има проблем во Челзи

Агентот на Лукаку призна: Има проблем во Челзи

Агентот на Ромелу Лукаку уверува дека не преговара со други клубови и се уште чека да се сретне со новите сопственици на Челзи за да разговара со нив прво за иднината на Белгиецот.

Лукаку минатото лето пристигна во Челзи за 115 милиони евра, но не ги оправда очекуавњата иако е прв стрелец во тимот со 15 постигнати голови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгиецот јавно го критикуваше тренерот Тухел, за што беше казнет, а медиумите шпекулираат дека сигурно ќе го напушти Челзи на крајот на сезоната.

Лукаку постигна два гола на натпреварот против Вулверхемптон, а потоа погоди и против Лидс. Така, тој стана водечки стрелец на клубот оваа сезона со 15 гола на 42 натпревари во сите натпреварувања.

Федерико Пасторело, кој е агент на Лукаку,призна дека има проблем, но се уште не преговара со други клубови.

„Јас не сум човек кој треба да зборува за спортски и технички решенија, но дефинитивно има проблем. Сепак, бројките мора соодветно да се проценат. Ромелу е најдобар стрелец на тимот оваа сезона, иако имаше најмалку минутажа на теренот во споредба со соиграчите. Ситуацијата мора внимателно да се процени. Тимот мора да го обезбеди местото во Лигата на шампионите, а има финале за ФА Купот“.

„Ромелу е целосно фокусиран на тоа, па не сме разговарале за ништо друго. Нема смисла да се шпекулира за какви било преговори. Челзи штотуку објави кој ќе биде новиот сопственик. Се уште не ги знаеме, а камоли да замислиме некакви разговори со Интер, Милан или кој било друг клуб. Мора да бидеме трпеливи и да чекаме“, изјави Пасторело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…