Дома Фудбал Пике: Секогаш велев дека благодарение на Меси освојуваме титули

Пике: Секогаш велев дека благодарение на Меси освојуваме титули

Жерер Пике со посебен пиетет зборуваше за поранешниот соиграч Лионел Меси, кој на разочарување на сите во Барселона се пресели во ПСЖ мината година.

Пике смета дека Аргентинецот е најдобар фудбалер во историјата на Барселона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Меси беше најдобар фудбалер на Барселона. Секогаш велев дека благодарение на Меси освојуваме титули, но имавме и добар тим. Поединец не може да освојува титули“, изјави Пике.

Пике иако беше многу разочаран, сепак го разбира Меси зошто ја напуштил Барса минатото лето.

„Можам да разберам зошто Меси не го продолжи договорот. Клубот западна во финансиски проблеми поради лошото работење на бившиот претседател. Тоа се работи кои се случуваат во животот. Некогаш носиш одлука и работите не се одвиваат како што мислиш“, изјави Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренерот на женскиот Б тим на Валенсија загина со своите три деца

Во саботата Валенсија ги потврди трагичните вести дека тренерот на женскиот Б тим на овој …