Често пати фудбалерите и тренерите зборуваат дека не сакаат да ги читаат критиките кои до нив се упатуваат преку социјалните мрежи, а сега медиумите на Островот откриле интересен податок за Пеп Гвардиола.
Пеп Гвардиола после натпреварот за викендот се пожали дека цела Англија е против неговиот тим и сака Ливерпул да биде шампион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите пишуваат дека Гвардиола не можел да донесе ваков заклучок ако не следи што се пишува низ медиумите и социјалните мрежи каде што има најмногу коментари.
„Атлетик“ не само што потенцира дека Гвардиола секојдневно следи што се пишува туку и одговара на критиките од „лажен“ профил на Твитер и преку него во тек е со се што се пишува за неговиот тим.