Дома Фудбал Нагелсман тврди: Преговорите со Левандовски течат добро

Нагелсман тврди: Преговорите со Левандовски течат добро

Иднината на Роберт Левандовски е главна тема во Германија веќе неколку недели.

Левандовски влегува во последната година од договорот, силен интерес за него покажува Барселона, па се шпекулираше дека ова лето би можел да направи трансфер.

Меѓутоа, Баерн не размислува за продажба и му понуди нов договор, а тренерот Нагелсман тврди дека преговорите течат добро.

„Разговарав со раководството и ми кажаа дека преговорите течат добро. Мојата позиција е јасна и сакам Роберт да остане и да го продолжи договорот. Сите знаеме дека неговиот агент Захави е човек кој обожава да преговара, па треба да имаме малку трпение“, изјави Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бод ја носи Италија понатаму, но Манчини не сака калкулации против Белгија

Италијанците со реми ќе обезбедат четвртфинале во Лигата на нации, но Манчини бара победни…