Дома Останати Тенис Драма во Мадрид – Надал со пресврт до победа!

Драма во Мадрид – Надал со пресврт до победа!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го совлада Белгиецот Давид Гофан во осминафиналето од Мастерсот во Мадрид со резултат 2:1 во сетови после голема драма.

Мечот траеше три часа и 13 минути, а на крајот Надал славеше со 6:3, 5:7 и 6:7. Првиот сет Шпанецот го освои прилично лесно после изгубен сервис направи два „брејка“ и го доби со 6:3.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Следуваше голем пресврт на Гофан, 60. тенисер на светот успеа да се врати во мечот после изгубењн сервис и со два брејка, спасувајќи две меч топки на Надал го изедначи резултатот на 1:1.

Во третиот сет видовме драма, брејкови немаше, па следуваше тај-брејк. Таму видовме по два изгубени сервиси на двете страни, потоа Гофан пропушти дури четири меч топки што сепак е премногу кога играте против Надал. Шпанецот ја искористи својата четврта меч топка и закажа меч со подобриот од средбата Алкараз – Камерун Нори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал: Луѓе од соседството биле главни, уапсени 15 лица поради местење натпревари – направиле профит од речиси милион евра!

Во четири европски држави се уапсени 15 лица поврзани со местење на тениски натпревари. Ме…