Дома Фудбал Валенсија демантира дека ќе го продава Солер во Барселона

Валенсија демантира дека ќе го продава Солер во Барселона

Во Шпанија денеска одекна веста дека Барселона постигнала договор со капитенот на Валенсија, Карлос Солер.

Вестникот „АС“ објави дека Барселона решила да го продаде Френки де Јонг во летниот преоден рок и на негово место да го доенсе Карлос Солер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Валенсија официјално ја демантираше оваа информација и потврди дека ова е лажна информација.

„Како одговор на приказната објавена во Диаиро АС, Валенсија демантира постоење на било каков договор, но и преговори околу трансфер на Карлос Солер  во Барселона. Клубот отвори преговори со фудбалерот за продолжување на договорот“, се вели во објавата на Валенсија.

25-годишниот Солер е приозвод на академијата на клубот и игра уште една одлична сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…