Дома Трансфер зона Давид Нерес си заминува од Шахтјор без одиграна минута во украинскиот клуб

Давид Нерес си заминува од Шахтјор без одиграна минута во украинскиот клуб

Давид Нерес си заминува од Шахтјор Доњеск.

Украинската лига е завршена и нема да продолжи, а сите странски играчи добија „зелено светло“ да преговараат со други клубови. Давид Нерес се договорил со Бенфика и со португалскиот клуб ќе потпише договор до 2027 година. Бенфика на Шахтјор за неговите услуги ќе плати 10 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нерес не стигна ниту да дебитира за Шахтјор кој го доведе во јанаури од Ајакс за 12 милиони евра. Пред продолжувањето на украинското првенство започна инвазијата на Русија и не беше можно да се игра фудбал во таква состојба.

Претходно Нерес настапуваше пет сезони во дресот на Ајакс, одигра 180 натпревари, постигна 47 голови и подели 41 асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…