Дома Останати Тенис Надал и Кирјиос ќе се сретнат во четвртфиналето во Синсинати

Надал и Кирјиос ќе се сретнат во четвртфиналето во Синсинати

Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето од АТП турнрот во Синсинати.

Надал во осминалето беше подобар од Алберт Рамос со 2:0 во сетови по еден час и 39 минути игра.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Вториот тенисер на светот против својот сонародник имаше доста проблеми во првиот сет кој го доби дури по три тај брејка, додека во продолжението одигра многу подобро, па го реши вториот сет со резултат 6:2.

Во четвртфиналето се пласираше и Ник Кирјиос кој со 2:1 беше подобар од Иво Карловиќ. Хрватскиот тенисер го освои првиот сет со резултат 6:4, но во вториот загуби по тај брејк, додека третиот замина на страната на Кирјиос со резултат 6:3.

Токму Надал и Кирјиос ќе се сретнат во четвртфиналето од овој турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ не запира, сруши и уште еден рекорд!

Најуспешниот и по многумина најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повторно по…