Дома Топ вести Куман: Кога јас си заминав Барселона имаше осум бода помалку од Реал

Куман: Кога јас си заминав Барселона имаше осум бода помалку од Реал

Роналд Куман како гостин на Фондацијата Спортиум која организира голф турнири зборуваше и за Барселона.

Куман истакна дека не би имал никаков проблем да се фотографира и поздрави Лапорта, но нагласи дека тој немал доволно поддршка, додека сега клубот е приморан да му даде повеќе време на Чави.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Јас немам никаков проблем и максимално го поддржувам Чави, навивач сум на Барселона и сакам на клубот да му оди добро. Сепак се виде дека тренерот не е единствен виновник. Не правам споредби, но кога јас си заминав Барселона заостануваше осум бода зад Реал, таа разлика сега е двојно поголема. И јас и Чави сега има комплицирана ситуација“.

„Потребно време да се променат работите и се надевам дека Чави ќе го има, ништо не може да се среди толку брзо. Потребно е да гледате на подолг период. Тренерот треба да има поддршка“, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лапорта бесен поради заминувањето на талент од Ла Масија

Претседателот Џоан Лапорта не го криеше разочарувањето поради заминувањето на младиот тале…