Дома Трансфер зона Жоржињо донел одлука за својата иднина!

Жоржињо донел одлука за својата иднина!

Шампионот на Европа во клупска и репрезентативна конкуренција, Жоржињо ќе остане во Челзи и наредната сезона, потврди неговиот менаџер Жоао Сантос.

Откако беше потврдено дека Антонио Рудигер ќе го напушти Челзи, навивачите на „сините“ стравуваа дека и одличниот играч за врска би можел да го напушти Лондон. Меѓутоа, за нивна среќа тоа нема да се случи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Постоеа гласини дека италијанскиот репрезентативец може да пронајде нова средина поради „комплицираната“ ситуација во Челзи која настана поради санкциите кон Роман Абрамович. Јувентус покажа најголем интерес за 30-годишникот, но управата на клубот од Торино била известена дека Жоржињо ќе остане на Островот.

Договорот на Италијанецот со Челзи истекува во 2023 година. Фудбалерот роден во Бразил во клубот е од 2018 година кога дојде од Наполи, а со „сините“ освои титула европски и светски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…