Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Чест е да се биде тренер на Манчестер Јунајтед

Тен Хаг: Чест е да се биде тренер на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед денес официјално потврди дека Ерик тен Хаг ќе биде нов немаџер од следната сезона.

51-годишниот Холанѓанец доаѓа од Ајакс и потпише договор со „црвените ѓаволи“ до 2025 година, со опција за продолжување на уште една година.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Многу сум возбуден. Голема чест е да се биде тренер на Манчестер Јунајтед. Ја познавам историјата на овој голем клуб и страста на навивачите. Способен сум да изградам тим кој ќе има успеси какви заслужува ваков клуб“, изјави Холанѓанецот.

Тен Хаг ќе треба да започне нова ера со „црвените ѓаволи“ после разочарувачката сезона и негова задача е во следните години да ги врати на врвот на англискиот и европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се подготвува нова „кражба“ – во главна улога се Манчестер сити и Гвардиола

Пеп Гвардиола до сега ова лето покажа дека е подготвен за бројни промени во играчкиот када…