Дома Фудбал Италија Инзаги: Сакаме трофеи и во купот и во Серија А

Инзаги: Сакаме трофеи и во купот и во Серија А

Tимот на Интер беше подобар од Милан со 3:0 во полуфиналето од Купот на Италија и со таа победа обезбеди место во финалето од ова натпреварување каде што ќе го чека подобриот од денешното полуфинале помеѓу Јувентус и Фиорентина.

За Интер ова ќе биде прво куп финале после 10 години, а тренерот Симоне Инзаги се надева на триумф во Купот, но и во Скудетото.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


„Момците одиграа фантастично, бевме паметни и покажавме интелигенција. Сакавме да го добиеме ова дерби затоа што одигравме различно на три натпревари пред овој. На крајот вредеше за место во финалето. Се надевам дека можеме да ја задржиме ваквата атмосфера, работиме за ова од 8. јули. Сакаме и сезоната во Серија А да ја завршиме на најдобар можен начин“, изјави Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Австрија ја испрати Полска дома

Репрезентацијата на Австрија со 3:1 ја совлада репезентацијата на Полска и направи голем ч…