Дома Фудбал Лапорта закажа прес-конференција – ќе се откриваат детали за срамот против Ајнтрахт

Лапорта закажа прес-конференција – ќе се откриваат детали за срамот против Ајнтрахт

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта закажа прес-конференција за медиумите по повод случувањата минатиот четврток во натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт во кој тимот беше елиминиран од Лигата на Европа.

Освен елиминацијата на Барселона по тој дуел многу се зборуваше и за ситуацијата со навивачите и присуството на дури 30.000 навивачи на клубот од Германија на трибините на „Камп Ноу“. Детали со ваквиот пропуст утре ќе објави првиот човек на клубот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Лапорта претходно најави дека клубот ќе ги казни навивачите кои ги препродавале билетите, затоа што тешко дека Германците имале друг начин да најдат влезници за овој натпревар.

„Тоа што се случи вечерва е срамно. Не смее никогаш да сењ повтори. Имаме многу информации што се случувало, потребно ќе ни биде време да поминеме преку тоа. Како навивач на Барселона се чувствувам засрамено од она што се случи“, изјави тогаш по натпреварот Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флуминенсе и Челзи во полуфиналето на Светското клубско првенство

Бразилскиот фудбалски клуб Флуминенсе и англиски Челзи се првите учеснци во полуфиналната …