Германската инвазија на „Ноу Камп“ во реваншот помеѓу Барселона и Франкфурт овие денови е една од главните теми во фудбалскиот свет.
На стадионот на Барселона од вкупно 79.000 навивачи имаше дури 30.000 фанови на германскиот тим. Такво нешто според правилата е невозможно затоа што УЕФА доделува 5.000 влезници за гостинскиот тим за европските натпреварувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изненадени од ситуацијата на стадионот беа и Чави и Лапорта. Објавено беше дека клубот ќе биде во потрага по навивачите кои ги препродавале билетите. „Мундо Депортиво“ сега објави и видео од моментот кога Лапорта забележува дека на стадионот има многу повеќе Германци отколку што треба. Очигледно е дека првиот човек на Барселона беше изненаден.
Видеото можете да го погледнете – тука.