Maкедонскиот фудбалер, Доријан Бабунски постигна нов гол за унгарски Дебрецен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во рамките од 28. коло во елитната лига на Унгарија Македонецот уште еднаш покажа дека е во врвна форма и беше стрелец против Ѓирмот.




Доријан мечот го започна од првата минута, а голот го постигна во 86-тата за конечни 3:1. Во второто полувреме кај Дебрецен во игра влезе и Давид Бабунски, додека Матеј Цветановски ги одигра последните 30 минути во редовите на Ѓирмот.




За Доријан овој гол беше четврти во сезоната.