Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез со години носи завој околу раката, а досега не беше познато зошто. Сега оваа мистерија е решена.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден од снимателите во вчерашниот натпревар на Атлетико против Манчестер Сити во Лигата на шампионите го фати Суарез додека се спремаше да влезе на теренот. Додека ги слушаше советите од помошникот тренер покрај аут линијата Суарез го врзуваше завојот околу раката, а можеше да се забележи дека под него има некаква нараквица.




Играчите не смеат да носат никаков накит во текот на натпреварот, но ако мораат тој мора да биде добро бандажиран, односно да не може да повреди никој во некаков дуел.




Уругваецот околу раката има нараквица за која веројатно верува дека му носи среќа, па не сака да ја вади и на натпреварите.