Дома Фудбал Барса го претстави Паулињо: Дојдов да се борам за трофеи!

Барса го претстави Паулињо: Дојдов да се борам за трофеи!

Барселона денес на „Камп Ноу“ го претастави новото засилување, Бразилецот Паулињо кој ќе го засили средниот ред на Каталонците.

Паулињо во Барселона доаѓа од кинески Гуангжу, а Каталонците за неговиот потпис платија 40 милиони евра.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Ова е посебен момент за мене. Му благодарам на клубот што до крај се бореше за мојот потпис и беше одлучен во намерата да ме доведе. Ќе се потрудам довербата да ја вратам на теренот. Дојдов во Барса да се борам за трофеи“, истакна Паулињо.

Бразилецот потпише 4-годишен договор со Барселона и го задолжи дресот со број „15“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Станковиќ збесна: Се расправаше со новинар на три јазици, па му порача – ти си смрдеж! (Видео)

Поранешниот тренер на московски Спартак, Дејан Станковиќ, стана тема на денот на социјални…