Дома Фудбал Бејл заигра на „Бернабеу“ после две години и доби жестоки свирежи🎥

Бејл заигра на „Бернабеу“ после две години и доби жестоки свирежи🎥

Герет Бејл синоќа одигра 15 минути во победата на Реал Мадрид од 2-0 против Гетафе, а по влегувањето во игра доби свирежи од трибините.

Навивачите очигледно не можат да му простат на Бејл, кој заигра на домашен терен за првпат по 773 дена и тоа беше еден од неговите последни натпревари затоа што на крајот на сезоната си заминува откако ќе му заврши договорот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бејл често беше повреден во последните години и затоа му се лути навивачите кои сметаат дека него го интересира само високата плата,  а по свирежите од трибините тој ги поздрави со насмевка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок голем пресврт со ситуацијата на Влаховиќ во Јувентус!

Сè повеќе индикации од Италија укажуваат дека Душан Влаховиќ сериозно размислува да го про…