Натпреварот од шпанската Ла Лига помеѓу Бетис и Реал Сосиедад кој се игра наредниот петок ќе биде првиот натпревар кој ќе се пренесува преку друштвената мрежа Тик-Ток.
Носителот на правата за натпреварите од Ла Лига, потврди дека натпреварот ќе се пренесува во живо на нивниот Тик-Ток канал и тоа ќе биде историски момент. Овој натпревар така ќе стане првиот натпревар кој се пренесувал на ваков начин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите ќе имаат можност да бидат дел од се затоа што ќе можат да коментираат во живо додека оди пренесот. Секако, за оние кои не го користат Тик-Ток натпреварот ќе биде достапен и на другите платформи.
„Ова е уште еден чекор напред за Ла Лига за да обезбедиме пренос на натпреварите во што поголем дел од ссветот. Договорот со Тик-Ток покажува дека сакаме да носиме нови работи“, соопшти директорот за дигитална стратегија Алфредо Бермејо.
Во иднина сигурно треба да се очекува и уште вакви натпревари на дтруштвените мрежи, а ќе видиме како се ќе изгледа на Тик-Ток. Натпреварот помеѓу Бетис и Реал Сосиедад се игра во петок на 15-ти април со почеток од 21:00 часот.