Хрватскиот ракометар Денис Тот кој игра за Бутел бил претепан во Скопје и се бори за својот живот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тот бил примен во средата во утринските часови со тешки повреди на целото тело, а ситуацијата му е критична и се бори за живот. Се уште не е познато што се случи. Засега МВР не се огласила за овој случај.




Хрватски „Вечерњи“ контактирал со неговиот брат Борис кој игра во Холандија и тој ја потврди веста.




„Родителите се на пат за Скопје, но немаме се уште премногу информации за тоа што се случило“, изјавил неговиот брат.




Според информациите Тот се здобил со повеќе скршеници и бројни други повреди кои настанале откако бил удиран со тупаници, нозе и разни предмети.