Дома Топ вести Халанд одбил астрономска понуда од Манчестер Сити

Халанд одбил астрономска понуда од Манчестер Сити

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, одбил неверојатна понуда од Манчестер Сити за да се пресели во англискиот првак по завршувањето на оваа сезона. 

Имено,  „граѓаните“ на Халанд му понудиле неделна плата од 600.000 евра, односно 30 милиони евра годишно.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Англиските медиуми пренесуваат дека Норвежанецот ја одбил понудата и истакнал дека нема да се води според парите во изборот на нов клуб.

Наводно Халанд сака кариерата да ја продолжи во Шпанија, а Реал Мадрид е фаворит за неговиот потпис.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп исто така зборуваше дека се вртат луди суми околу Ерлинг Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…