Дома Фудбал Коке го „пецна“ Гвардиола за неговата изјава за Атлетико и праисторијата

Коке го „пецна“ Гвардиола за неговата изјава за Атлетико и праисторијата

Eкипата на Манчестер Славеше против Атлетико Мадрид со 1:0 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, а Пеп Гвардиола после мечот замери на тактиката со кој настапи Симеоне.

Симеоне изнесе тим во формација 5-5-0 и се обиде да остане непоразен, но на крајот тоа не му успеа.

„Во праисторијата, денес или за 100 години, секогаш ќе биде тешко да напаѓате или да создавате шанси во таква ситуација. Борбени се и одлично се бранат. На полувремето им кажав на играчите дека играме добро и да не се грижат. Голот навистина добро ни дојде“, изјави Пеп после натпреварот.

По оваа негова изјава одговор му стигна од фудбалерот на Атлетико Коке.

„Заљубен во овој клуб од праисторијата. Горд на Атлетико“, порача Коке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три победи во три дуели: Шкендија Арачиново ја брани серијата против Башкими

Шкендија Арачиново сака да ја продолжи успешната традиција против кумановци, кои бараат бо…