Дома Фудбал Миленикот на навивачите на Барселона наскоро става потпис

Миленикот на навивачите на Барселона наскоро става потпис

Роналд Аараухо игра фантастична сезона во Барселона и се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци во Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Араухо на лето влегува во последната година од договорот, а преговорите за продолжување на соработката се одвиваат веќе подолго време.

22-годишниот дефанзивец ги одби последните две понуди, па неговата иднина на „Камп Ноу“ беше под знак прашалник.

Последните информации се дека двете страни се многу блиску до договор и наскоро Уругваецот ќе стави потпис на договор до 2026 година.

Ова е одлична вест за Каталонците, бидејќи Араухо е еден од најважните играчи во тимот, а интерес за него покажуваат многу европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ испрати приватен авион по него, подготвија сѐ за потпис на договор, а тој жестоко ги понижи.

ПСЖ веќе со години е клуб кој фудбалерите тешко го одбиваат, а тоа го покажаа и вчера кога…