Дома Фудбал Останато Вучиниќ можел да игра за Звезда – одбил поради совеста

Вучиниќ можел да игра за Звезда – одбил поради совеста

Mирко Вучиниќ не бил далеку од Црвена Звезда, а единствено нешто што го спречило била повредата.

„Имаше понуда, разговарав со Терзиќ кога го поредив коленото. Му кажав дека имам клуб и две години договор, но тој ми одговори дека тоа не е никаков проблем, само ако ти сакаш да дојдеш“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Објасни дека совеста не му дозволувала да игра за црвено-белите.

„Не беше проблем мојата желба да играм за Звезда, мислам дека нема играч на нашите простори кои не сака да игра во Звезда. Меѓутоа не се чувствував добро, не можев да продолжам, немаше да биде фер од моја страна да одам во Звезда со таква физичка и психичка состојба“, изјави Вучиниќ.

Звезда не била единствената која сакала да го доведе.

„Дури и кога ми истече договорот во Ал Џезеира ме побараа луѓето од Лече за таму да ја завршам кариерата. Меѓутоа не отидов таму од почит кон клубот. Не сум таков човек да одам некаде кога знам дека не можам да помогнам“, откри Црногорецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Динамо Загреб доби казна од УЕФА!

Европската фудбалска организација (УЕФА) ја објави казната за загребски Динамо поради инци…