Дома Фудбал Англија Рагник си призна: Манчестер Јунајтед не е фаворит за топ 4

Рагник си призна: Манчестер Јунајтед не е фаворит за топ 4

Ралф Рагник на клупата на Манчестер Јунајтед пристигна како привремено решение до крајот на сезоната, се шпекулираше дека можеби ќе остане и подолго, но после резултатите на тимот тоа сигурно нема да се случи.

За викендот Јунајтед одигра реми 1:1 против Лестер со што по ова коло тимот се најде на седмата позиција на табелата. Во овој момент Јунајтед има 51 бод, три помалку од Тотенхем кој четврти и Арсенал на петтата позиција, но топџиите имаат два натпревари помалку.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По ремито со Лестер Рагник е искрен и призна дека неговиот тим не е фаворит за место во топ 4.

„Воопшто нема да ни помогне тоа ако секој викенд ја гледаме табелата и зборуваме што може да се случи. Во овој момент ние не сме фаворити за четвртата позиција. Не можам да предвидам што ќе се случува понатаму, мојата работа е да го водам тимот најдобро што можам. Сезоната не е завршена, има уште осум натпревари“, изјави Рагник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Волфсбург испаѓа од Бундеслигата поради вештачка интелигенција!

Последен пат кога Волфсбург испадна од Бундеслигата беше во сезоната 1996/1997. Волфсбург …