Дома Фудбал Лига на шампиони Покетино: За освојување на ЛШ треба време, погледнете ги Сити и Јувентус…

Покетино: За освојување на ЛШ треба време, погледнете ги Сити и Јувентус…

ПСЖ вчера забележа победа против Лориен од 5:1, но тоа не беше доволно за навивачите кои од трибините испратија свирежи за тренерот Маурисио Покетино.

За навивачите победата и тоа што ПСЖ е на добар пат да стане шампион на Франција не е доволно, големо е разочарувањето поради елиминацијата од Лигата на шампионите. Покетино после натпреварот не сакаше премногу да ја коментира својата иднина.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Од овој момент нема повеќе да разговарам за својата иднина во клубот. Имам договор на уште еднаљ година и пред донесување на било каква одлука мораме добро да анализираме“.

Аргентинецот зборуваше и за елиминацијата од Лигата на шампионите.

„Стигнувавме до полуфиналето и финалето, сето тоа е дел од процес кој бара време. Погледнете, имате тимови како Јувентус и Манчестер Сити кои исто така прават се за да ја освојат Лигата на шампионите, но не можат да дојдат до посакуваната цел“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…