Дома Фудбал Англија Мојс: Даклан Рајс? Можеби ќе бидат доволни 150 милиони фунти

Мојс: Даклан Рајс? Можеби ќе бидат доволни 150 милиони фунти

Тренерот на Вест Хем Дејвид Мојс е свесен дека неговиот клуб тешко ќе го задржи Даклан Рајс поради интересот од големите клубови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Зад себе англискиот репрезентативец има неколку добри сезони и неговата цена на трансфер пазарот постојано е во пораст. Мојс сега порача дека фудбалерот не е на продажба, но може да замине ако некој клуб плати астрономска сума.

„Цената на Рајс е повеќе од 100 милиони фунти. Минатото лето 100 милиони беше малку. Сега можеби 150 милиони фунти ќе бидат доволни, тој не е напродажба“, изјави Мојс.

Во медиумите на Островот Рајс подолго време се поврзува со Манчестер Јунајтед затоа што се најавува заминување на Пол Погба и Немања Матиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…