Дома Фудбал Истрага во Италија: Ањели и Де Лаурентис можат да бидат суспендирани

Истрага во Италија: Ањели и Де Лаурентис можат да бидат суспендирани

Италијанските власти подолго време водат случај против 11 клубови од Серија А и Серија Ба поради финансиска измама при правење трансфери.

Во обвиненијата се наведува дека клубовите нереално ги зголемувале цените на одредени фудбалери при трансферите и така остварувале поголеми добивки. Главен во целиот скандал е првиот човек на Јувентус Андреа Ањели, директорот Павел Недвед и Фабио Партичи кој сега работи во Тотенхем. Еден од осомничените е и првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

Медиумите во Италија објавија дека под истрага се вкупно 61 лице и 11 клубови. Според најавите осомничените може да добијат суспензија од еден месец, а на клубовите да им се одземат бодови.

Во сериозен проблем можат да се најдат Пиза и Парма за кои се пишува дека можат да бидат исфрлени и во Серија Ц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дувикас блеска во Комо: Фабрегас има голема заслуга за мојот напредок

Грчкиот напаѓач ужива во Комо, каде што ги истакнува заслугите на Фабрегас и стручниот шта…