Дома Македонски спорт Мак фудбал Поради санација на теренот Брегалница следните два натпревари ќе ги игра во Скопје и Прилеп

Поради санација на теренот Брегалница следните два натпревари ќе ги игра во Скопје и Прилеп

Поради неопходна итна санација на теренот на Градскиот стадион во Штип, следните два натпревари како домаќин во Првата македонска фудбалска лига, ФК Брегалница ќе ги игра во Скопје и во Прилеп.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Санацијата и корекција на тревнатата подлога на стадионот во Штип е неопходна поради пропустите при поставувањето на теренот пред пет години. И покрај желбата за оддолжување на неопходните реконструкции, сепак истите се неопходни како теренот би бил максимално подготвен за натпреварот против Шкендија на 17. април.

Токму затоа, дуелот од 25. коло против Ренова в недела (03. април) од 15 часот Брегалница ќе го игра на теренот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, додека натпреварот од 26. коло против Работнички во среда (6. април) ќе се игра на Градскиот стадион во Прилеп.

Сите иматели на сезонски билети за натпреварите на „сините“ ќе може да ги искористат за дуелите во Скопје и во Прилеп. Исто така раководството на ФК Брегалница информира дека сите навивачи и симпатизери на нашиот клуб кои оваа сезона се корисници на сезонски билети ќе бидат привилегирани со посебни повластени можности за набавување на сезонските билети за наредната сезона!

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…