Дома Топ вести Лукаку „притиска“ за враќање во Интер

Лукаку „притиска“ за враќање во Интер

Ѕвездата на Челзи, Ромелу Лукаку сака по секоја цена да го напушти клубот и ова лето да се врати во Интер, пренесуваат англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лукаку минатото лето пристигна како големо засилување во Челзи за 115 милиони евра, но е само бледа сенка на тоа што беше во Серија А. Тој го загуби местото во стартниот тим, па дури и влезе во конфликт со тренерот Томас Тухел.

Белгиецот не е среќен на „Стенфорд Бриџ“ и сака да се врати во Интер, па веќе имал телефонски разговор со директорите на миланскиот клуб и притиска да се врати на „Џузепе Меаца“.

Белгиецот се согласил на драстично намалување на платата само за да се врати во Интер, каде ги одигра најдобрите сезони во кариерата.

Интер ќе се обиде да го донесе на позајмица со задолжителен откуп, но за многу помала сума од таа што го продаде минатото лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…