Дома Фудбал Бруно Фернандеш потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед

Бруно Фернандеш потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед

Плејмејкерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш веќе ставил потпис на нов договор со „црвените ѓаволи“ и се обврза на верност до 2027 година, потврдија медиумите на Островот.

Фернандеш со новиот договор ќе биде меѓу топ 3 најплатени играчи во клубот од „Олд Трафорд“.

Бруно Фернандеш дојде на „Олд Трафорд“ пред две години и веднаш се наметна како еден од главните играчи во средниот ред на „црвените ѓаволи“.

Иако имаше долг договор, сепак клубот сакаше да го награди за добрите партии и му понуди значително зголемување на платата.

Португалецот веќе стапил потпис на договорот, па наскоро се чека само официјална потврда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Купот донесе пресврти: Тиквеш славеше во Скопје, Ѓорче се спаси од 0:2

Тиквеш го совлада Вардар со 3:1, а Македонија ЃП преку пенали ја исфрли Брегалница. Вардар…