Италијанските медиуми пренесуваат дека играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио ќе биде примарна трансфер цел на Милан во летниот преоден рок.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Кралевите“ веќе подолго време работат на трансферот на Килијан Мбапе, па поради тоа се спремни да го продадат Асенсио.




Шпанските медиуми пренесуваат дека Асенсио не е задоволен од статусот кој го има во тимот, па сериозно размислува да го напушти клубот.




Најсилен интерес покажува Милан, кој веќе работи на трансферот и сака да постигне договор со неговиот агент.
Асенсио на лето влегува во последната година од договорот, па трансферната сума нема да биде висока и нема да биде проблем за „росонерите“.




Денешното издание на „Тутоспорт“ пренесува дека Асенсио е спремен да ја прифати понудата од Милан, кој му нуди важна улога во тимот.