Eшли Барти го шокираше тенискиот и спортскиот свет со најава дека заминува во пензија на само 25 години.
Австралиската тенисерка и трикратна освојувачка на гренслем титули во овој момент е водечка на ВТА листата. Барти го потврди крајот на кариерата на социјалните мрежи и на навивачите им порача дека тоа го прави среќна и спремна за тениска пензија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Среќна сум и спремна за тоа. Во своето срце знам дека ова е вистинскиот момент. Благодарна сум на се што ми даде овој спорт, го напуштам со гордост и исполнета“, изјави Барти додавајќи дека е целосно истрошена и дека од физички аспект нема што повеќе да даде.
Барти веќе 114. недела е водечка тенисерка во светот што е четврта најдолга низа на ВТА листата во историјата. Освојувачката на Ролан Гарос, Вимблдон и Австралија Опен во кариерата освои 15 поединечни титули и 12 во пар со скор 305-102 во сингл. Само од турнирските награди во кариерата заработи скоро 24 милиони американски долари.
Кариерата ја прекинува без пораз во 2022 година (11:0) и откако победи на 25 од последните 26 мечеви. Само Стефи Граф (186 недели), Серена Вилијамс (186 недели) и Мартина Навратилова (156) биле подолго на врвот од Барти без прекин.