Дома Фудбал Англија ФА сака полни трибини на „Вембли“: Челзи добива дозвола да продава карти?

ФА сака полни трибини на „Вембли“: Челзи добива дозвола да продава карти?

Челзи би можел да очекува поддршка од навивачите во полуфиналето од ФА Купот против Кристал Палас, бидејќи е најавено дека ќе му биде дозволена продажба на карти.

Санкциите кои Владата на Велика Британија ги воведе против Роман Абрамович во овој момент му забрануваат на клубот било каква продажба на влезници, но Фудбалската асицијација објави дека е во преговори со надлежните органи околу амандман кој би овозможил на навивачите да купат влезници за натпреварот на „Вембли“ следниот месец.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Се надеваме дека ќе имаме полни трибини во двете полуфиналиња на ФА Купот на „Вембли““, порачаа од Фудбалската асоцијација.

„Таоа подразбира и влезници за навивачите на Челзи во нивниот натпревар против Кристал Палас. Во овој момент работиме со Владата на пронаоѓање еешение како тоа да го постигнеме и да ги почитуваме санкциите кои се во овој момент на сила против сопствникот на Челзи“.

Навивачите на Челзи не можеа да купуваат влезници за четвртфиналето од ФА Купот против Миделсброу, на натпреварот можеа да присуствуваат само фановите кои купиле карти пред воведувањето на санкциите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…