Дома Македонски спорт Мак баскет Пелистер подобар од Осијек за трета победа во АБА2

Пелистер подобар од Осијек за трета победа во АБА2

Кошаркарите на Пелистер убедливо го совладаа Осијек со 97-78 во рамки на  последниот турнир од регуларниот дел од сезоната во АБА2-лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кошаркарите на Пелистер беа во резултатска негатива во речиси целиот прв дел од дуелот, но со серија од 5:0 во завршните минути го презеде водството и замина на полувреме со предност од 3 поени (45:42).

Третиот период беше клучен, а тогаш Пелистер го збриша хрватскиот состав и направи огромна предност, која само ја одржуваше до самиот крај за конечни 97-78.

Немања Малешевиќ и Игор Кесар со по 16 поени беа најдобри во таборот на македонскиот претставник, додека кај Осијек најмногу се истакна Џорџе Тополовиќ со 23 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …