Дома Трансфер зона Пресврт: Дембеле може да остане во Барселона

Пресврт: Дембеле може да остане во Барселона

Не е исклучено Осман Дембеле сепак да остане во Барселона и после крајот на сезоната, пренесува каталонски „Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, клубот нема намера да го моли и очекува тој да го направи првиот чекор и да покрене иницијатива за продолжување на договорот.

Договорот на Дембеле истекува на крајот на сезоната и преговорите за продолжување на соработката пропаднаа. Раководството се сомнева дека тој веќе има договор со друг клуб и сака да си замине како слободен играч.

Според „Спорт“ ситуацијата е поинаква и Дембеле се уште не ја исклучува можноста да го продолжи договорот со Барселона.

Французинот одигра одлично синоќа во Ел Класико, а каталонските медиуми тврдат дека после мечот им рекол на своите соиграчи „останувам“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…