Дома Трансфер зона Клоп ја сака новата холандска ѕвезда

Клоп ја сака новата холандска ѕвезда

Ливерпул е силно заинтересиран за холандскиот крилен фудбалер Коди Гакпо, пренесуваат англиските медиуми.

22-годишната ѕвезда на ПСВ игра фантастично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти како Барселона, Арсенал и Баерн Минхен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скаутите на Ливерпул долго време го следат Гакпо и имаат само позитивни оценки, а „црвените“ сакаат да го донесат на Енфилд на лето.

Коди Гакпо е еден од најголемите таленти во Холандија во овој момент. Одигра 36 натпревари сезонава, постигна 16 гола и 14 асистенции, па експертите му предвидуваат блескава иднина.

Медиумите на Островот тврдат дека Гакпо може да биде замена за Салах, кој не потпишува нов договор и може да биде продаден на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сари добил понуда од Шпанија, но ќе го чека Милан?

Oставката на Маурицио Сари кон средината на март беше изненадување за многумина. Сепак, ја…