Дома Македонски спорт Мак фудбал ГФК Охрид: Нашиот голман беше нападат од раководството на Воска!

ГФК Охрид: Нашиот голман беше нападат од раководството на Воска!

Многу реакции во македонската јавност предизвика судењето на натпреварот помеѓу ГФК Охрид и Воска.

Со соопштение се огласи и ГФК Охрид.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со големо разочарување може да констатираме дека квалитетно судење во Македонија не постои. Специфично нема професионално судење кога се игра против екипата на Воска Спорт. Доколку играме десет натпревари со вакво судење нема да победиме на ниту еден натпревар.Последните два натпревари во кои судеа прволигашки судии кои досудија непостоечки ситуации што влиаеја на конечниот резултат, ни е одземена можноста за играње на фудбал и спортско радување.

Имено, со нашата работа успеавме да создадеме фудбалска величенствена атмосфера!На последните натпревари против екипите на Вардар, Велешта, Воска има огромен број на публика од 2000 до 5000 гледачи. Поради неспортски однос од тие што ја делат правдата публиката си оди разочарана после натпреварот.Денес многу беа значајни коментарите во публиката:

“Да си одиме дома бидејќи судијата ќе досуди пенал во 100-тата минута”. Исто така во првото полувреме не ни беше досуден пенал каде што имаше играње со рака. Се беше пресликано како во претходниот натпревар со Воска.По завршувањето на натпреварот во подтрибинскот простор физички беше нападнат нашиот голман Дамјан Серафимов од страна на директорот, претседателот и голманот на Воска Спорт. За овој случај е доставен дополнителен записник до ФФМ.

Доколку ГФК Охрид Лихнидос е приморан да настапува во криминалната лига, луѓето кој што го водат клубот поранешни репрезентативци докажани спортисти, нема да го дозволат тоа. Фудбалот е место за спортисти, а не за криминалци.

Фото: ГФК Охрид

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…