Дома Фудбал Лига на шампиони Нагелсман претпазлив со Виљареал: Не е мала работа да го победите Јувентус 0:3

Нагелсман претпазлив со Виљареал: Не е мала работа да го победите Јувентус 0:3

Баерн Минхен за противник во ¼ финалето во Лигата на шампионите го доби шпански Виљареал екипа која веќе приреди едно големо изненадување, па затоа во германскиот тим се претпазливи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Виљареал во претходната фаза го елиминираше Јувентус и тоа откако во вториот натпревар во Торино ги победи Италијанците со 0:3.

„Виљареал е тим кој е актуелен освојувач на Лигата на Европа. Од клупата ги води искусен тренер и имаат квалитетен тим со јасно дефиниран стил на игра. Не е мала работа да го победите Јувентус со 0:3. Секако дека сакаме да одиме до крај во Лигата на шампионите, но прво ќе мораме да излеземе и да победи. Фавортиската улога мораме да ја оправдаме и на теренот“, изјави Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Селекторот на Иран збесна поради третманот на Мундијалот: Џани, реагирај!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Иран, Амир Галеноеи, го обвини домаќинот на Св…