Дома Фудбал Останато Мурињо се пожали: Додека играчите на Лацио со Сари пушеа цигари ние се мачевме

Мурињо се пожали: Додека играчите на Лацио со Сари пушеа цигари ние се мачевме

Tренерот на Рома Жозе Мурињо изјави дека не е среќен поради тоа што неговата екипа морала многу да се потроши во Конференциската лига пред дербито во Серија А со нивниот голем ривал Лацио.

„Волчицата“ во изминатата вечер на „Олимпико“ одигра 1:1 со Витесе, а благодарение на минималната победа од првиот натпревар успеаа да обезбедат пласман во четвртфиналето. Рома има императив да го освои ова натпреварување и да стане првиот тим кој го направил тоа, но исто така важни се и натпреварите во Серија А.

Во недела ги чека дербито против Лацио и Мурињо не можеше да го избегне тоа прашање после мечот против  Витесе.

„Секако дека не сум среќен. Многу играчи играа вечерва пред натпреварот во недела, додека во Лацио одмараа и пушеа цигари со Сари“, изјави Мурињо предизвикувајќи реакции во јавноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер му ја даде најубавата ноќ во кариерата, а сега му доаѓа во Мадрид: Мурињо ги исклучи емоциите!

Ждрепката за Лигата на шампиони се погрижи за еден од најемотивните натпревари во кариерат…