Украина скоро три недели се бори против руската армија која ја започна инвазијата на 24. февруари, а дел од украинските спортисти одлучија да се приклучат на војската и да помогнат во одбрана на татковината.
Сергеј Стаховски е еден од познатите спортисти кои застанаа во одбрана, а на него му се приклучи и тениската легенда Андриј Медведев.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Медведев играше тенис од 1991 до 2001 година и стигна до четвртото место на АТП листата. Зад има финале на Ролан Гарос и 11 титули.
„Легендата на светскиот тенис застана во одбрана на Киев и ги чека непријателите. Неверојатно ми е мило што го гледам .Украински патриот“, напиша Стаховски.