Францускиот тенисер Гаел Монфис со пресврт славеше против Данил Медведев 2:1 (4:6, 6:3 и 6:1) во 1/16 финалето на Индијан Велс и со тоа српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се враќа на првото место на АТП листата.
Монфис го изгуби првиот сет, а во вториот направи брејк во осмиот гем за 5:3, а потоа повреде и со 6:3. Во третиот сет Медведев целосно се распадна и изгуби убедливо, па Монфис се пласираше во осминафиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со овој пораз на Медведев Ѓоковиќ се враќа од понеделник на местото број 1 на АТП листата иако не можеше да настапи на Индијан Велс. Медведев на првата позиција пред Ѓоковиќ помина три недели.