Дома Фудбал Англија Тухел: Се додека имаме дресови и клупски автобус ќе се бориме

Тухел: Се додека имаме дресови и клупски автобус ќе се бориме

Фудбалерите на Челзи и покрај сите проблеми со кој се соочи клубот по санкциите кон сопственикот на клубот Роман Абрамович вчера забележа победа од 3:1 против Норвич.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ударот за „сините“ секако е голем, но тренерот Томас Тухел порача дека никој нема да се предаде.

„Среќен сум што уште сум тренер на овој клуб и на овие фудбалер. Знаеме што се случува, но нас не интересира само фудбалот. Промените се огромни од вчера до денес, но ова е ситуација на која ние не можеме да влијаеме. Одиме ден по ден и ќе видиме што се случува. Се додека имаме доволно дресови и клупски автобус ќе се бориме“, изјави Тухел.

Англиската фудбалска легенда Џејми Карагер вчера го советуваше Манчестер Јунајтед да ја искористи ситуацијата и да се обиде да го доведе Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поранешен европски шампион сака да потпише со Столе Димитриевски

Столе Димитриевски би можел да направи голем чекор во кариерата ова лето, откако сериозен …