Репрезентативецот на Аргентина, Анхел Ди Марија најверојатно ќе го напушти ПСЖ на крајот на оваа сезона.




Офанзивецот останува без договор на крајот на оваа сезона и веројатно тој нема да биде продолжен и на лето како слободен играч ќе го напушти клубот. Веќе се шпекулира кој би можел да биде неговиот клуб.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Ел Насионал“ пренесува дека Ди Марија бил понуден на екипи како Атлетико Мадрид, Барселона и Јувентус.




Она што е посебно интересно е што Атлетико Мадрид и Барселона се најголемите ривали на Реал Мадрид од Шпанија, клуб каде што Ди Марија се прослави пред да се пресели во Јунајтед.